Не верувам дека Албин Курти, кога се противи на идејата за Отворен Балкан, има поддршка од некој друг центар надвор од САД и Европската унија, кои ја поддржуваат оваа иницијатива.
Ова го изјави Слободан Зечевиќ од Институтот за европски студии.
„Мислам дека тој води своја националистичка политика, која е доста аутистична и што може да се види во преговорите во Брисел и во врска со иницијативата Отворен Балкан. Курти едноставно ги блокира сите отворени разговори, не сака да го почитува она што беше претходно договорено или да учествува во нови иницијативи“, рече Зечевиќ за телевизијата Танјуг, додавајќи дека ова е многу чуден став.
Според него, таквото однесување претставува дисконтинуитет во политиката на Приштина, која зависи од Западот и отсекогаш ја слушала.