Курти за убиството на полицаецот во Лозница: Нема причина да се политизира случајот

од Илинка Илиоска
161 прегледи

Косовскиот премиер, Албин Курти се огласи во врска со пријавениот случај за убиство на полицаец и ранување на друг во Лозница, Србија.

Српскиот министер за внатрешни работи Ивица Дачиќ изјави дека на местото на настанот е пронајден косовски пасош со името Артан Хајризи. Курти на прес-конференцијата рече дека нема причина да се политизира случајот.

„И ние добивме информации, исто како и вие, бидејќи ова убиство се случило во Србија, што значи дека изворот на информацијата била Србија. Сега нашите надлежни органи МВР, Надворешни работи, нашата полиција ќе го известат мислењето и вие и јас за моменталната состојба.

И јас чекам и ќе почекам да дадат професионални изјави, бидејќи и ние сметаме дека оваа работа не треба да се политизира, туку да се третира како таква од безбедносен, но и од професионален и правен агол“, рече Курти.

Слични содржини