Курти задутре во Скопје на средба со неговиот колега Христијан Мицкоски, Косово вчера упати протестна нота

од Илинка Илиоска
561 прегледи

Премиерот на Косово, Албин Курти, на почетокот на следната недела ќе ја посети Северна Македонија.  Според извори на медиумите на албански јазик, кои се повикуваат на Газета експрес, во понеделник на 05.08.2024 година, премиерот на Косово ќе се сретне со својот колега од Северна Македонија, премиерот Христијан Мицкоски.

Како што се дознава, средбата ќе се одржи во 10:00 часот на која ќе учествуваат и некои други членови на Владата на Северна Македонија од коалицијата ВЛЕН.

Според информации дел од оваа средба ќе биде и министерката за надворешни работи на Косово, Доника Гервала-Шварц.

Оваа посета се случува во времето кога Косово упати протестна нота до Северна Македонија поради инцидентот што се случи на скопскиот аеродром со претседателката на Косово, Вјоса Османи, кога аеродромската полиција побара од неа да и ја предаде чантата и мобилен телефон за контрола, по што настанала турканица меѓу обезбедувањето на претседателот и оние на аеродромот.

Слични содржини