272
Поранешниот австриски канцелар и поранешен лидер на владејачката Народна партија на Австрија (ОВП), Себастијан Курц, во своето прво интервју по трајното пензионирање од политичката сцена ја отфрли можноста да се врати во политиката.
За виенскиот дневен весник „Кронен цајтунг“, Курц ги отфрли гласините дека би можел да се врати на политичката сцена на претстојното собрание на ОВП, кое е закажано за 14 мај.
„Почнав да се занимавам со политика на 16 години, станав државен секретар на 24 години и оттогаш сум во владата 10 години. Имав доволно порции од политиката“, изјави поранешниот австриски канцелар.