Австрискиот канцелар Себастијан Курц се изјасни против понатамошни санкции на ЕУ против Русија.
Во интервју за швајцарскиот „Ноје Цирихер Цајтунг“, Курц оцени дека санкциите што веќе се воведени против Русија се исправни, но дека е важно да се инсистира на дијалог.
„Мирот на нашиот континент е секогаш возможен само со, и никогаш против Русија“, подвлече тој, пренесе Танјуг.
Курц рече дека сега е неопходна деескалација.