Курц: Знаеме дека пандемијата нема да помине до летото

од Берта Китинска
300 прегледи

Австрискиот канцелар Себастијан Курц посочува дека најголемиот приоритет на национално и европско ниво, како и глобалната вакцинација на населението е основа, за да можеме да се вратиме во нормален живот.

Синоќа, во говорот на доделувањето на наградите „Аксел Спрингер“ во Берлин, посветен на основачите на Бионтек – Угур Сахин и Езлем Тиречи, Курц рече дека само ако успее да го вакцинира мнозинството од населението до летото, може да се врати во нормала.

„Сите знаеме дека оваа пандемија нема да помине на лето“, нагласи тој, додавајќи дека ризикот од нови мутации е реален и дека затоа е сигурно дека вакцините ќе мора да се прилагодат.

Курц истакна дека историјата на човештвото е историја на напредок.

“Сепак, тој пат никогаш не бил лесен. Отсекогаш имало трагедии, како што се природни катастрофи, војни или пандемии”, истакна Курц.

Тој рече дека човештвото се потсетило на ризиците, трагедиите и моќта на напредокот минатата година. „На почетокот на 2020 година, малкумина од нас можеа да предвидат колкава глобална криза ќе предизвика вирусот “, рече Курц. Тој посочи дека короната удри во сè, лично, економски и политички. „Сепак, добрата вест е што светлото на крајот од тунелот е се поблиску“, рече Курц.

Слични содржини