„Таканаречените промени во Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ не се ништо освен уште еден очаен обид на Христијан Мицкоски да ја спаси својата фотелја во белиот дворец. Во тоа му помага и неговиот ментор, избеганиот осуден криминалец во Будимпешта, Никола Груевски. Меѓу таканаречените освежувања во Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ е и Вело Марковски“, вели Богданка Кузеска, портпаролка на СДСМ.

„Марковски ќе остане запаметен по непостојаните ставови во однос на коронавирусот и тоа што често пати јавно ги поткопуваше мерките и решенијата на Комисијата за заразни болести. Во јавни излагања Марковски повикуваше да се заразат што повеќе луѓе со коронвирусот, зборуваше дека вирусот не е опасен и дека студенти по медицина низ светот намерно се заразувале со КОВИД-19“, посочува тој.