Кузеска: Мицкоски да одговори дали и што разговарале со Палевски

од Nikola Popovski

Ако има поинкави докази за двојното убиството лидерот на ВМРО-ДПМЕ Христијан Мицкоски треба да ги достави до Обвинителството, а треба да одговори дали се среќавал и за што разговарал со Љупчо Палевски, изјави на прес конференција портпаролката на СДСМ Богданка Кузеска.

Таа порача дека во интервју, Мицкоски, без око да му трепне, рекол дека има поинакви информации за случајот, за што треба итно да биде повикан во ОЈО и да ги достави.

-Сакаме да потенцираме дека прикривање докази е кривично дело. Очекуваме институциите веднаш да постапат.

Доколку се докаже дека Мицкоски немал докази, сметаме дека постојат елементи за одговорност за негова и тоа првично за поткопување на истрагата, но и второ ширење паника и страв меѓу населението. Злоупотребата на убиството на дете во политичка цел и етички и од секој аспект е „еднакво злосторство“ како и самото убиство. Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ треба да одговорат дали овие манипулации кои ги прават се со цел да дефокусираат од неодговорените прашања на Мицкоски за средбите што ги имал со Палевски?, посочува портпаролката на СДСМ.

Според неа, Палевски беше близок соработник на режимот на ДПМНЕ, кој јавно го поддржуваше Мицкоски, но и нивниот коалициски партнер Левица.

-Со радикални ставови, Палевски беше алатка на ДПМНЕ во црна кампања против СДСМ но и против се што означува демократија во Македонија и за подгревање етнички тензии. Како дел од Бојкотирам заедно со ДПМНЕ и Левица беа против членството во НАТО. Неговата маргинална политичка партија со радикална и проруска ориентација е производ и алатка на политиките на преќутна агресија од страна на ДПМНЕ во изминативе две децении. Затоа, надлежните органи, пред се Јавното обвинителство согласно законот имаат обврска да ги истражат односите на Палевски со сите негови соработници вклучително и Мицкоски, порача Кузеска.

Слични содржини