Квалитетот на сексот зависи од вербата во развојот или во судбината

од Vladimir Zorba
137 прегледи

Верувањето за постоењето на сексуална некомпатибилност влијае лошо врз сексуалното задоволство, предупредуваат истражувачите од Универзитетот на канадскиот град Торонто.

Според нив задоволството што човек го добива од сексот, директно зависи од неговите ставови. Научниците открија два различни типа верувања поврзани со сексот. Првото е “вера во развојот”, а второто е “вера во судбината”.

Луѓето со првото убедување се убедени дека треба да се вложат напори за да може со текот на времето се зачува сексуалното задоволство. Тие сметаат дека проблемите на сексуалниот живот може да бидат разрешени ако се работи над нив.

Луѓето од втората група сметаат дека компатибилноста помеѓу партнерите е клучен фактор за сексуалното задоволство, а односите во кои се јавуваат проблеми, се осудени на пропаст. Тие сметаат дека од квалитетот на сексот може да се суди воопшто за квалитетот на односите.

Истражувањето на научниците покажа дека кај луѓето кои веруваат во развојот, нивото на сексуално задоволство е повисоко отколку кај оние кои веруваат во сексуалната компатибилност. Освен тоа првата група имала поблиски врски со партнерот и општото ниво на односите кај неа се покажало повисоко.