(Квантитет) Кина и (Квалитет) Русија – против (Технички напредок) САД

од desk3
88 прегледи

Русија се повеќе се зближува со Кина, а целта која ги води, е иста: Како во Пекинг, така и во Москва сакаат да го ограничат влијанието и моќта на САД во светот, забележува DW.

0,,18447633_303,00

Во спорот за Јужното Кинеско Море Пекинг си најде нов сојузник. Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров упати остри зборови против Американците за време на состанокот со ресорниот кинески колега Ван И минатата недела. Лавров изјави дека конфликтот не смее да биде подгрева од трети страни. Наместо тоа вмешаните во спорот соседни држави требало да преговараат меѓусебно. Лавров посочи на постојаното присуство на американски бродови и авиони во регионот и незапирливите предупредувања, пренесени од Белата куќа.

Бидејќи Американците се политички и воен сојузник на некои од помалите крајбрежни земји во пацифичкиот регион, Вашингтон е убеден дека има право да се меша во конфликтот. Едвај е изненадувачки за некого дека во позадината на сето тоа, Москва ја смета позицијата на Пекинг за правилна што таа и го покажа сосема јасно. Та нели Москва забранува на Американците да се мешаат и во украинската криза.

Протест против противракетниот систем на САД

Конфликтот околу островската група во Јужното Кинеско Море не беше единствената тема поврзана со САД, по која разговараа Ван И и Сергеј Лавров. Двете земји ги повикаа Американците да се откажат од изградбата на замислениот од нив систем за противракетна одбрана во Јужна Кореја / THAAD /. Системот е замислена како дополнителна заштита од евентуални напади со атомски проектили од страна на Северна Кореја.

“Билд”: Децата на Ердоган се капат во пари со сомнителен потекло

 

Кина и Русија сметаат дека постоечките противракетни системи се доволни. Проширувањето не се вклопува во контекстот на оригиналната дефанзивна замисла, а и може да влијае негативно на безбедноста на Кина и Русија. Минатата недела Северна Кореја повторно одржа тест на ракета со нуклеарна боева глава, но засега сите нејзини обиди со слично оружје беа неуспешни.
За време на средбата, министрите за надворешни работи на Кина и Русија демонстрираа изненадувачка близина на многу од темите, иако Пекинг да е принципиелно доста резервиран кон Русија. Сепак е јасно дека за двете страни е стратешки важно да соработуваат тесно. На 5-та Меѓународна конференција за безбедност, одржана во Москва минатата недела, кинескиот министер за одбрана Чан Ванцјуен неслучајно објави дека за оваа година се планирани многу повеќе заеднички воени вежби на копнените сили, морнарицата и воздухопловните сили на Кина и Русија во споредба со претходните години. Следните воени маневри ќе се одржат уште овој месец во една руска воена база.

Кина има што да учи од Русите

Вежбите ќе им дадат на руските и кинеските воени сили не само можност да се координираат подобро меѓусебно, но и да разменат искуства. Кинеската армија има што да се послужи од богатото воено искуство на Русите. Во последните 50 години Кина не е вклучена во ниту една поголема борбена операција. За последен пат кинески трупи навлегоа во Виетнам во 1979 година, каде што останаа помалку од еден месец.

Резервираноста на Пекинг кон Москва сепак се гледа и по тоа што сеуште нема формално потпишан договор за воен сојуз помеѓу двете страни. Токму поради тоа претседателите на Русија и Кина Владимир Путин и Си Цзинпин во ноември 2015 година одлучија во иднина да се среќаваат почесто. Прва ваква редовна средба е предвидена за месец јуни оваа година, како што стана јасно по средбата на министрите за надворешни работи. Колку подолго траат западните санкции против Москва, толку потесна станува соработката меѓу Кина и Русија. Целта им е иста: да се ограничи влијанието на САД.