Квин Латифа ќе добие специјална награда од Харвард

од desk4
344 прегледи

Музичарката и актерка Квин Латифа оваа година ќе ја добие специјалната награда од Харвард, за посебен придонес во црнечката историја и култура.

Покрај нејзе на настанот закажан за 22 октомври, има уште шест други добитници на „Ду Буа“ медалот : поетесата и едукатор Елизабет Алекандер, секретарката на Смитсонијан институтот Лони Банч, поетесата Рота Дов, коосновачката на Black Entertainment Television Шила Џонсон, артистите Кери Џејмс Маршал и Роберт Смит.
Оваа награда е именувана по Ду Буа, писател, уредник и борец за човекови права кој стана прв црн студент и доби докторат на Харвард во 1895 година.

Слични содржини