Лајчак и Вархеји разговараа за дијалогот меѓу Белград и Приштина

од Radmila Tasevska
298 прегледи

Специјалниот пратеник на Европската унија за дијалогот меѓу Белград и Приштина, Мирослав Лајчак, денес разговараше со еврокомесарот за соседска политика и проширување, Оливер Вархеји, за процесот на дијалог.

Во објава на својот Твитер профил, Лајчак изјави дека имал корисен разговор со Вархеји за поширокиот регионален контекст, како и за напорите на ЕУ за 2023 година.

„Мило ми е што денес се сретнав со комесарот Оливер Вархеји. Беше корисно да се разговара за дијалогот во поширок регионален контекст и европските напори за 2023 година“, напиша Лајчак.

Слични содржини