Лајчак: Не смееме да дозволиме ситуацијата на Косово да западне во нова криза

од Stefanija Kuzmanovska

Нивото на недоверба меѓу двете страни е повисоко од кога било досега, тензиите се уште се високи, но важно е лидерите во Белград и Приштина да почнат да создаваат атмосфера погодна за продуктивни разговори за нормализација на односите, изјави претставникот на Европската унија за дијалог Мирослав Лајчак.

Тој за „Политико“ вели дека она што сега е навистина важно е да не се дозволи ситуацијата да се претвори во нова криза.

„Во моментов имаме многу добра поставеност: го имаме вниманието на водечките лидери на САД и на Европската унија и имаме исклучително добра соработка меѓу Америка и ЕУ, така што ова е идеална можност да се реши ситуацијата, некаде до декември 2023 или почетокот на 2024 година“, рече Лајчак.

Изборите за Европскиот парламент и американските претседателски избори, како што пренесува „Политико“, се закажани за 2024 година, а доколку, вели Лајчак, „дотогаш не се средат работите, ќе мора да почнеме од почеток“.

Слични содржини