La Casa De Papel добива спиноф со Берлин во главна улога

од Vladimir Zorba
430 прегледи

Вестите за најпопуларната шпанска серија на Нетфликс, „La Casa De Papel“, растат. Точно за еден ден ќе дознаеме какво ќе биде финалето на петтата и последна сезона на криминалистичката драма. Ден претходно дознавме дека се подготвува корејска верзија.

И сега, точно на време, се појави веста за спиноф наречен „Berlin“.

Секој обожавател на продукцијата на Алекс Пина претпоставува дека спинофот ќе се фокусира на Андрес де Фонојоса, попознат како Берлин. Ликот го толкува Педро Алонсо.

Какво точно ќе биде сижето на „Berlin“, повторно е нејасно, но со оглед на фактот дека тој е втората најважна личност во организирањето на грабежите на шпанската национална банка и шпанското Министерство за финансии по професорот, тоа секако ќе биде интригантно.

Ваквото продолжение на „La Casa De Papel“ се очекува да се појави на Нетфликс во 2023 година.

Слични содржини