168
Францускиот претседател Емануел Макрон, германскиот канцелар Олаф Шолц и италијанскиот премиер Марио Драги ќе ја посетат Украина во четврток на 16 јуни, пишува денеска италијанскиот весник „Ла Стампа“.
Сепак, портпаролот на германската влада одби да ги потврди медиумските извештаи дека Шолц ќе го посети Киев во четврток.
На овој начин, официјални лица од Франција, Германија и Италија имаат намера да изразат поддршка од ЕУ за украинскиот претседател Владимир Зеленски.