La Stampa: Русија создава нов светски поредок, намалувајќи го влијанието на САД

од Vladimir Zorba
96 прегледи

20160814.fvqyjohgul

Москва доволно ефикасно демонстрира руска soft power (мека сила)

Политиката на Русија во однос на Украина, нејзините дејства во Сирија и помирувањето со Турција, покажуваат стремеж на Владимир Путин да создаде околу Русија “нов амбициозен меѓународен поредок”, пишува во воведната статија аналитичарот.

“Големата игра на Путин: стратегија на три фронта” е коментарот на главниот уредник на торинскиот весник La Stampa Маурицио Молинари.
Анализирајќи ја активноста на руската надворешна политика во овие насоки, тој нагласува дека “Путин има намера значително да го намали влијанието на САД.

“Во Украина сака да ослабне довербата кон Вашингтон како гарант за Источна Европа, во Сирија се обложува на демонстрација на поголем потенцијал во борбата со џихадисти во споредба со коалицијата на повеќе од 60 земји под водство на Обама, а во Турција цели да предизвика несогласувања во односите на Анкара со НАТО “- забележува италијанскиот аналитичар.

Во оваа врска Молинари додава дека во последно време тој обрнува внимание на создадено – лице (образ) на Западот, кој е поделен, од противречности по проблемите на миграцијата и тероризмот, кој е ослабен економски и демонстрира не доволна способност за лидерство во условите на протестните движења, што покажа и референдумот за Brexit во Велика Британија.

Според главниот уредник на La Stampa, Русија создава систем од привилегирани односи со многу земји, чиј политички модел се разликува од западните демократии – од Белорусија до Турција, од Египет до Иран и поранешните советски републики.
Притоа Москва користи различни алатки, вклучувајќи ги и “енергетски инвестиции, воено присуство и доволно ефективна демонстрација на руска soft power (мека сила), за која сведочи популарноста на телевизија RT во арапскиот свет”, се истакнува во публикацијата.