Лабрадорот веќе 24 години е најпопуларната раса кучиња во САД, објави американскиот Kennel Club.
На второ место во рангирањето е германскиот овчар, а на трето – златниот ретривер. Проследени се од булдог, гонче, Јоркшир Териер, пудлица, боксер, француски булдог и Ротвајлер. Топ десет во споредба со минатата година не е променет многу – од рангирањето си замина дакелот, а на негово место доаѓа францускиот булдог.
Годишната листа на американскиот Kennel Club, основан во 1884 година, е врз основа на пописот на регистрираните претставници на кучешки видови. Сега во САД има 184 раси.