178
Претседателката на Европската централна банка (ЕЦБ), Кристин Лагард, на денешната седница на Европскиот парламент посочи дека инфлацијата во еврозоната се уште е превисока.
Лагард, во Комитетот за економски и монетарни прашања на Европскиот парламент, рече дека годишната инфлација во еврозоната паднала на 8,5 отсто во февруари, благодарение на големиот пад на цените на енергијата.
Таа предупреди дека ЕЦБ се соочува со „покачени нивоа на несигурност“ и дека ќе преземе „пристап заснован на податоци“ за одредување на каматните стапки, објави британски Гардијан.