Лагард: Каматните стапки ќе растат, ограничувањето на инфлацијата е приоритет

од Vladimir Zorba
131 прегледи

Претседателката на Европската централна банка (ЕЦБ), Кристин Лагард, денеска во интервју за шпанската медиумска групација „Восенто“ најави дека каматните стапки најверојатно ќе се зголемат за 50 базични поени со цел дополнително да се ограничи инфлацијата.

Според неа, тоа е одлуката на ЕЦБ, која беше навестена на последниот состанок посветен на монетарната политика, каде сите бројки вклучени во анализата потврдија дека е многу веројатно зголемување на каматните стапки.

„Главната стапка на инфлација опадна во последните месеци и ќе продолжи да се намалува во текот на следните неколку месеци. Но базичната инфлација, која ги исклучува енергијата и храната во еврозоната, е премногу висока. Треба да продолжиме да ги преземаме неопходните мерки за да ја донесеме инфлацијата назад на 2 проценти и го правиме тоа, рече Лагард.

Слични содржини