Лагард: Ќе го забрзаме зголемувањето на каматните стапки доколку е потребно

од Vladimir Zorba
266 прегледи

Претседателката на Европската централна банка, Кристин Лагард денеска ги потврди плановите за првично зголемување на каматните стапки за четвртина процентен поен во јули и рече дека нејзиниот тим е подготвен да ги забрза каматните стапки доколку е потребно, односно доколку инфлацијата продолжи да расте.

Во своето обраќање на годишната банкарска конференција во Синтра, Португалија, Лагард увери дека новиот антикризен инструмент, кој допрва треба да биде објавен, нема да застане на патот на ЕЦБ да се справи со најбрзиот пораст на потрошувачките цени од воведувањето на еврото, известува Блумберг“.

„Доколку, на пример, видиме дека зголемената инфлација се заканува да ги поткопа инфлациските очекувања или знаци на потрајно губење на економскиот потенцијал што ја ограничува достапноста на ресурсите, би морале многу побрзо да ја повлечеме флексибилноста на монетарната политика“, рече Кристин Лагард.

Слични содржини