Лајчак: Договорот меѓу Косово и Србија треба да биде прифатлив за граѓаните

од Stefanija Kuzmanovska
215 прегледи

Специјалниот претставник на Европската унија за дијалогот меѓу Косово и Србија, Мирослав Лајчак, денеска оцени дека секој договор меѓу Косово и Србија треба да биде прифатлив за граѓаните на обете страни, пренесува „Данас“.

Денеска, на вториот ден од посетата на Косово, Лајчак прво се состана со лидерот на Движењето Самоопределување, Албин Курти, со кого, како што рече, имал многу добар разговор.

Лајчак тогаш се состана и со претседателот на Демократската лига на Косово, Иса Мустафа.

Според ДСК, Мустафа го известил Лајчак дека ДСК е заинтересирана за склучување договор меѓу Косово и Србија, додека Лајчак рекл дека ја цени конструктивната улога на ДСК.

Најавена е и средбата на Лајчак со претседателот на Алијансата за иднината на Косово, Рамуш Харадинај.