Лајчак и Ескобар во Брисел разговараа за Западен Балкан

од Stefanija Kuzmanovska

Специјалниот пратеник на ЕУ за дијалог меѓу Белград и Приштина, Мирослав Лајчак денеска во Брисел го пречека специјалниот претставник на САД за Западен Балкан Габриел Ескобар и рече дека разговарале за моменталната состојба на дијалогот.

„Задоволство ми е да му посакам добредојде на мојот колега и добар пријател Габриел Ескобар во Брисел. Заедно со нашите тимови вчерашниот ден го поминавме во длабока дискусија за дијалогот, актуелната состојба и напредок, како и за други регионални прашања на Западен Балкан. Благодарен сум за исклучителната соработка“, напиша Лајчак на својот профил на мрежата X.

Српскиот претседател Александар Вучиќ изјави претходно оваа недела дека очекува наскоро повторно да се сретне со Лајчак во Белград за да разговара за дијалогот меѓу Белград и Приштина.

Слични содржини