Лајчак и Рикер „сковаа“ план на Западен Балкан

од Vladimir Zorba
378 прегледи

Специјалниот претставник на ЕУ за дијалог Белград-Приштина, Мирослав Лајчак разговараше со вршителот на должноста помошник државен секретар на САД за европски и евроазиски прашања Филип Рикер за идните активности на Западен Балкан.

„Имав многу корисна средба со Филип Рикер, вршител на должноста државен секретар на САД за европски и евроазиски прашања. Секогаш е добро да се споредуваат мислењата, да се координираме и да се согласуваме за нашата соработка (ЕУ и САД) за идните активности на Западен Балкан“, напиша Лајчак на својот профил на Твитер.

Слични содржини