209
Специјалниот пратеник на ЕУ за дијалогот меѓу Косово и Србија, Мирослав Лајчак информира дека планира да организира средба меѓу српскиот претседател Александар Вучиќ и косовскиот премиер Албин Курти во Брисел.
Според Лајчак, средбата би требало да се одржи пред да започнат летните одмори.
Тој информира дека во моментов се прави имплементација на договорите што се потпишани во минатото.
-Има многу работа, не толку очигледно, преговарачите се среќаваат секој месец и секогаш имаме 7, 8, 9 теми на дневен ред, имаме некои документи во напредната фаза на подготовка и планирам да ја подготвам следната средба меѓу претседателот Вучиќ и премиерот Курти наскоро во Брисел и работиме на тоа, вели Лајчак во интервју за ТВ 21.