Лајчак по средбата со Вучиќ: „Разговаравме за чекорите за спроведување на Договорот за нормализација“

од Stefanija Kuzmanovska
352 прегледи

Специјалниот претставник на ЕУ за дијалог меѓу Белград и Приштина, Мирослав Лајчак, соопшти дека денеска разговарал за напредокот во дијалогот и неопходните чекори за спроведување на Договорот за нормализација на односите со претседателот на Србија, Александар Вучиќ и директорот на владината Канцеларија, Петер Петковиќ.

„По посетата на Косово, отпатував и во Белград за да се подготвам за овонеделниот состанок на главните преговарачи. Со претседателот Вучиќ и Петар Петковиќ разговарав за патот во дијалогот и за неопходните следни чекори за имплементација на Договорот за нормализација“, напиша Лајчак на мрежата X.

На средбата, претседателот Вучиќ посочи дека Србија е секогаш подготвена за дијалог, да го почитува сето она што е потпишано и договорено и повтори дека „нашата земја се залага за деескалација, мир и стабилност“.

Слични содржини