Лајчак со членови на Европскиот парламент разговарал за Западен Балкан и европската интеграција

од Vladimir Zorba
208 прегледи

Специјалниот пратеник на Европската унија за дијалогот меѓу Белград и Приштина, Мирослав Лајчак вечерва соопшти дека со група европратеници разговарал за состојбите во Западен Балкан и европската интеграција на регионот.

„Брифинг со претставниците на групата социјалисти и демократи и Европската народна партија во ЕП за дијалогот, вчера во Стразбур“, објави Лајчак на социјалната мрежа Икс (Твитер), заедно со слика од средбата.

Тој додаде дека е благодарен за можноста за дискусија и за интересот за работата на европските претставници на Западен Балкан.

Слични содржини