Лајчак со Шоле и Ескобар: Споделуваме исто разбирање за ситуацијата во Западен Балкан

од Vladimir Zorba
260 прегледи

Специјалниот пратеник на Европската унија за дијалог меѓу Белград и Приштина, Мирослав Лајчак, денеска изјави дека го дели истото разбирање за ситуацијата во Западен Балкан и слично мислење за патот напред со специјалниот советник на американскиот Стејт департмент, Дерек Шоле, и специјалниот пратеник на САД за Западен Балкан, Габриел Ескобар.

Лајчак на социјалната мрежа Икс (Твитер) изјави дека вечерал во Њујорк со Шоле и Ескобар, кои ги нарекува „добри пријатели“.

„Секогаш е корисно да се потврди дека споделуваме исто разбирање за ситуацијата во Западен Балкан и дека сме на иста линија во однос на патот напред“, рече Лајчак.

Слични содржини