Лајчак: Состанок на главните преговарачи на Србија и Косово на почетокот на септември

од Vladimir Zorba
338 прегледи

Специјалниот претставник на ЕУ за дијалогот Србија-Косово, Мирослав Лајчак објави дека следната средба на ниво на главни преговарачи ќе се одржи на почетокот на септември.

Лајчак на својот Твитер профил објави дека одржал одделни средби со шефовите на преговарачките тимови на Косово и Србија, Бесник Бислими и Петро Петковиќ, пренесе Танјуг.

„Денес [четврток], имав значајни, одделни разговори со косовскиот прв вицепремиер Бесник Бислими и директорот на српската канцеларија за Косово, Петар Петковиќ, за подготовките за следниот состанок за дијалог на ниво на главни преговарачи на почетокот на септември“, напиша Лајчак на Твитер.

Слични содржини