Српскиот претседател Александар Вучиќ утре ќе се сретне со специјалниот претставник на Европската унија за дијалог меѓу Белград и Приштина и други регионални прашања на Западен Балкан, Мирослав Лајчак.
Ова го соопшти Канцеларијата за соработка со медиумите на претседателот на Републиката. Средбата, како што се додава во соопштението, ќе се одржи во 12:30 часот во зградата на Генералниот секретаријат на Претседателот на Републиката.
Последен пат Лајчак беше во Белград на средба со претседателот на Србија во средината на ноември минатата година.