1,8K
Специјалниот пратеник на ЕУ за дијалог меѓу Белград и Приштина, Мирослав Лајчак денеска изјави дека „големата петорка“ дошла во Приштина со план за продолжување на дијалогот и порача дека е неопходно што поскоро да се формира Заедницата на српските општини
Лајчак, по средбата со Албин Курти, изјавил дека планот бил разговаран со Курти, а дека допрва ќе разговара со претседателот на Србија, Александар Вучиќ, во Белград, пренесува Коха.
„Дојдовме со план, разговаравме за тоа со Курти и ќе разговараме со Вучиќ“, изјави Лајчак, не наведувајќи детали.