Лајчак во Рим разговараше за последните случувања во дијалогот за нормализација на односите меѓу Белград и Приштина

од Radmila Tasevska
246 прегледи

Специјалниот пратеник на ЕУ за дијалог меѓу Белград и c, Мирослав Лајчак објави дека во Рим имал серија средби со италијански претставници за последните случувања во дијалогот за нормализација на односите меѓу Белград и Приштина, за пошироките регионални прашања и следните чекори во наредните месеци.

Во објава на Фејсбук, Лајчак посочи дека вчера разговарал со дипломатскиот советник на италијанскиот премиер Фабрицио Саџо, заменик-генералниот секретар во Министерството за надворешни работи Карло Ло Каша и директорот за Јадранско Море и Балкан, Андреа Касконе. Тој најави дека денеска за тоа ќе разговара со политичкиот врв на Малта.

„Благодарен сум за континуираната поддршка од Италија и блиската координација во нашите заеднички напори. Од Рим ќе се упатам за Малта на уште една серија важни консултации“, рече Лајчак.

Слични содржини