Лајчак: Земјите од Западен Балкан треба да покажат дека може да функционираат меѓу себе, пред да функционираат со над 30 земји во ЕУ

од Milan1
274 прегледи

„Кога станува збор за Балканот се поставува прашањето дали со Балканот во ЕУ ќе биде полесно или потешко да се носат одлуки. Затоа регионот треба да покаже дека со нив нема да е потешко“ рече Мирослав Лајчак, специјален претставник на ЕУ за Западен Балкан и дијалогот меѓу Белград и Приштина.

Тој додаде дека најлесен начин за тоа е регионалната соработка.

„Сакаме да соработуваат и да се договараат, за да покажат дека може да функционираат меѓу себе и дека ќе функционираат и со над 30 земји во ЕУ“ рече Лајчак.

Тој додаде дека заедничко проширување со сите земји од Западен Балкан не е реално, бидејќи сите земји се на различно ниво во процесот, но кажа дека процесот е базиран на заслуги и дека тие кои прават реформи ќе станат членки.

Слични содржини