Лајен: Интеграцијата на Западен Балкан е клучна

од Milan1
48 прегледи

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен денеска укажа на важноста од интеграцијата на Западен Балкан во ЕУ и рече дека ќе назначи нов еврокомесар за проширување кој ќе биде посветен на ова прашање, бидејќи проширувањето во новиот состав на ЕК мора да биде „работа со полно работно време, што овозможува неподелено внимание“.

„Ако Европа ја направиме економски конкурентна и способна да се брани, ако тоа е нашата главна цел, тогаш ја гледам интеграцијата на Западен Балкан во ЕУ како особено важна. Во ера на геостратешки ривалства, поголема ЕУ ни дава посилен глас во светот“, рече Фон дер Лајен на Бледскиот стратешки форум.

Таа посочи дека руската војна во Украина е пресвртница за Европа, како што беше во 1989 година, и нагласи дека проширувањето претставува „инвестиција во нашата колективна сила и безбедност“.

Слични содржини