Лајен: Украина и Молдавија што поскоро ќе почнат да ги спроведуваат реформите

од Nikola Popovski
158 прегледи

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен денеска изјави дека е убедена оти Украина и Молдавија што поскоро ќе почнат да ги спроведуваат потребните реформи.

„Нема подобар знак за надеж за граѓаните на Украина, Молдавија и Грузија во овие тешки моменти“, им рече таа на новинарите на маргините на самитот на ЕУ во Брисел откако Украина и Молдавија добија статус на кандидати за ЕУ, додавајќи дека домашната работа сè уште треба да се заврши задача, објави Ројтерс.

„Длабоко сум убедена дека нашата одлука што ја донесовме денеска не зајакнува сите нас. Тоа ги зајакнува Украина, Молдавија и Грузија пред руската агресија“, посочи таа.

Фон дер Лајен рече дека денешната одлука ја зајакнува и Европската унија бидејќи уште еднаш му покажува на светот дека Европската унија е обединета и силна во соочувањето со надворешните закани.

Лидерите на ЕУ на самитот во Брисел по неколкучасовна дебата одлучија да ги поддржат препораките на Европската комисија за доделување кандидатски статус на Украина и Молдавија, објави на Твитер претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел.

„Ова е историски момент. Ова е клучен чекор на вашиот пат кон ЕУ. Им честитам на Володомир Зеленски и на Маја Санд, како и на народот на Украина и Молдавија. Имаме заедничка иднина“, рече Мишел.

Слични содржини