„Лајм“ упати отворено писмо до ЗНМ, партиите, дипломатските преставништва во Скопје, невладините организации, како реакција на тужбите кои медиумот ги доби од ДУИ.

лајм(1)

Писмото го објавуваме интегрално:
„Во вторник во нашата редакција пристигнаа 5 барања за извинување и повлекување на текстови, од страна на Демократската унија за интеграција, нејзиниот претседател, Али Ахмети, како и од пратеникот Артан Груби, со образложение дека сме објавиле текстови со клевети и навреди. Во спротивно, најавуваат тужба против нас.

„Лајм“ веднаш се консултираше со адвокати и нивните први впечатоци се дека барањата на ДУИ воопшто не се основани. Меѓутоа ниту еден од адвокатите не може да гарантира дека Судот ќе ги одбие најавените обвиненија, поради фактот дека ДУИ е партија на власт, а од друга страна судството во Македонија е крајно партизирано.

Стравот на адвокатите е поголем и поради тоа што станува збор за политики субјект за чии функционери беа објавени снимки, каде што се слуша како местат избор на судии и раководители на судови.

Исто така станува збор за партија каде што се унапредуваат кадри кои се закануваат на медиуми и новинари, каков што е случајот со министерот кој откако се заканил на претседателот на ЗНМ, Насер Слемани, е унапреден во партиската хиерархија и станал еден од најблиските луѓе на претседателот на ДУИ.

И покрај ваквите проценки на адвокатите, „Лајм“ јавно ја извести ДУИ и јавноста дека немаме намера да се извинуваме за објавените текстови, бидејки сме убедени дека во ниту еден момент не сме го прекршиле новинарскиот кодекс.

Самиот факт што ДУИ не ја користи понудената можност од наша страна за да реагира или да ги демантира нашите текстови, а јавноста да процени кој е во право, ни дава за право да размислуваме дека тие не се подготвени да се соочат со нас со силата на аргументот, туку со аргументот на силата.

За разлика од ДУИ, ние сме подготвени да се соочиме со нив во еден фер и коректен судски процес. Во овој правец, уште вчера упативме повик до ДУИ да ја напушти владата и контролата врз Министерството за правда, бидејќи само на тој начин ќе покажат дека се подготвени да се соочат со нас пред суд, како две рамноправни страни.

ДУИ не одговори на овој наш повик, и затоа постои сомнение кај нас дека тие не се убедени во аргументите што ги поседуваат, дуку сакаат да ја (зло)употребуваат позицијата на партија во власт.

Токму поради фактот што е веќе очигледно дека станува збор за субјект кој нема намера да се соочи во суд како рамноправна страна, можеби ќе бидеме доведени и ние да превземеме вонсудски мерки.

Доколку ДУИ одлучи да ги користи власта и судството како оружје против „Лајм“, и ние ќе бидеме принудени во самоодбрана да го користиме „оржјето” и „бомбите” кои ни се на располагање.

Затоа ја бараме вашата поддршка во оваа тешка битка која ни претстои, за одбрана на новинарската кауза од заканите на една партија, која додека е на власт, Македонија забележа пад во сите рангирања што ги прават релевантни европски и светски организации за слободата на изразување.

Во врска со оваа, сметаме дека е неопходно да ја потсетиме и предупредиме домашната јавност како и меѓународната заедница за фактот дека овие закани кон „Лајм“ се случуваат во исто време кога се водат преговори за реформи во медиумите, со учество на сите поголеми политички партии, вклучувајќи ја и ДУИ, како и во присуство на меѓународната заедница претставена од г. Петер Ван Хауте. Сметаме дека ваквото однесување на ДУИ не е случајно, туку е дел од нивната стратегија за да се замолчи секој глас на несогласуване и критика. Тоа ја доведува во прашање не само судбината на весникот, туку и на слободата на изразување во целина и воведувањето на цензура. Затоа, сметаме дека не е претерано убедувањето дека фронталниот напад на партијата на власт, ДУИ, треба да се смета како тестирање на подготвеноста на јавноста за да ја прифати цензурата, за потоа таа да се примени и во другите медиуми во земјата“, пишува редакцијата на „Лајм“.

Слични содржини