Лајпциг го презеде врвот во Бундеслигата

од Vladimir Zorba

Лесна победа на Борусија Менхенгладбах и смена на лидерската позиција на табелата. Ова се карактеристики на саботните мечеви од 22-то коло во Бундеслигата.

Борусија Менхенгладбах во последниот натпревар од саботната програма ја совлада Фортуна во Дизелдорф со 4:1. Двапати Стиндл (51’ и 77’) и по еднаш Хофман (22’) и Нојхаус (82’) ја запечатја судбината на домашните за кои почестниот гол го постигна Томи во 29-та минута.

Лајпциг триумфира над Вердер со 3:0 и барем на 24 часа го презеде врвот на табелата од Баерн кој утре попладне ќе гостува кај Келн.

Бундеслига, 22 коло: Фортуна Дизелдорф – Борусија Менхенгладбах 1:4, Унион Берлин – Баер Леверкузен 2:3, Лајпциг – Вердер 3:0, Падерборн – Херта 1:2, Хофенхајм – Волфсбург 2:3, Аугсбург – Фрајбург 1:1, Борусија Дортмунд – Ајнтрахт Франкфурт 4:0.

Денеска ќе играат: Келн – Баерн Минхен и Мајнц – Шалке.

Табела: Лајпциг 45, Баерн Минхен 43 (-1), Борусија Дортмунд 42, Борусија Менхенгладбах 42 (-1), Баер Леверкузен 40, Шалке 35 (-1), итн.

Слични содржини