Лајвли поднесе уште една тужба, а Балдони го тужеше „Њујорк Тајмс“

од Nikola Popovski
175 прегледи

Актерката Блејк Лајвли официјално поднесе тужба против Џастин Балдони, помалку од две недели откако нејзината претходна тужба против него излезе во јавност.

Нејзиното новогодишна тужба дојде истиот ден кога тој поднесе тужба за клевета од 250 милиони долари против „Њујорк Тајмс“ поради бомбастичниот натпис за првата пријава на Лајвли.

Во неа, таа го обвини дека сексуално ја вознемирувал и создал токсична работна средина на сетот на нивниот филм „Приказната завршува со нас“, која тој ја режираше и глумеше со неа. Балдони категорично ги отфрли обвинувањата.

Исто така, во првичната пријава, која е претходник на поформална тужба поднесена во вторникот, Лајвли тврдеше дека Балдони работел на валкање на нејзината репутација со тим кој ја вклучува неговата публицистка Џенифер Абел и ПР-от за кризи, Мелиса Нејтан, која претходно соработувала со Џони Деп. Абел негирала дека водела „кампања за оцрнување“.

Лајвли ја поднесе својата прва пријава претходно овој месец до Комисијата за граѓански права на Калифорнија, но сега го тужи Балдони пред Федералниот суд во Њујорк. Покрената на новогодишната ноќ, нејзината нова тужба е поформална постапка која е насочена кон Балдони, Абел и Нејтан како обвинети, како и продуцентската куќа на Балдони, студиото „Wayfarer“.

Слични содржини