Лам: Франција е главен фаворит за освојување на ЕП

од Симе Стоиков
210 прегледи

Шефот на организацискиот одбор на Европското првенство во Германија, Филип Лам изјави дека француската репрезентација е фаворит ова лето, бидејќи во својот тим има исклучителни фудбалери.

Во интервју за Франс прес, на прашањето кого гледа како победник на Европското првенство, Лам одговори:

„Франција, едноставно затоа што има, би рекол, 40 играчи, навистина многу многу талентирани фудбалери. Имаат многу избалансиран тим и лесно можат да направат промени, да воведат играчи од клупата кои инаку би можеле да играат од самиот почеток. Но, она што е пресудно е што на теренот се претставуваат како тим“, изјави Лам.

Тој оцени дека „големите фудбалски нации“ имаат шанса да го освојат трофејот, но и дека сака да види тим што ќе направи изненадување, дека тим од помалите земји ќе оди далеку.

„Сосема сум сигурен дека титулата ќе ја освои фудбалската нација, фаворит кој победувал во последните години“, изјави поранешниот капитен на германската репрезентација.

Европското првенство ќе се одржи од 14 јуни до 14 јули во Германија.

Слични содржини