Lamborghini Aventador SV со 1500KС

од Vladimir Zorba
110 прегледи

Иако Lamborghini произведе само ограничен број модели на Aventador SV, тоа не го спречи сопственикот на овој пример да направи голем број значајни модификации на италијанскиот суперавтомобил.

Стандардно, 6,5-литарскиот V12 произведува околу 740 природни коњски сили, што е повеќе од доволно за повеќето сопственици.

Сепак, овој Aventador веројатно би можел да ги победи дури и најмоќните ривали, вклучувајќи го и Ferrari SF90 Stradale. Во моќниот V12 беа вградени пар турбо полначи и иако не знаеме која компанија е одговорна за нивната инсталација, автомобилот сега е способен за околу 1300 КС, пишува „Јутарњи“.

Работите стануваат уште поимпресивни по фактот што оваа бројка е забележана на тркалата, што значи дека само моторот веројатно произведува повеќе од 1.500 КС, што е приближно двојно повеќе од оригиналната моќност на автомобилот.

Она што го издвојува суперавтомобилот од стандардниот Aventador SV е збир на тркала Strasse. Овие бандажи се познати како CL5R Ultralight Carbon Series и се со димензии 20×9,5 напред и 21×12,5 назад.

Слични содржини