Lamborghini го „освежи“ концептот Vision GT

од Vladimir Zorba
15 прегледи

Поминаа пет и пол години откако Lamborghini го претстави концептот Vision Gran Turismo како една од своите „најлуди“ креации досега. Импресивниот дизајн го „обликуваше“ новиот Revuelto, а сега Lamborghini најде време да „вдахне нов живот“ во Vision GT и претстави нова верзија.

Најновата верзија на концептот Vision Gran Turismo беше претставена на настанот за дизајн на автомобили во Минхен, Германија, обоена во портокаловата боја Arancia Egon што Lamborghini првпат ја користеше минатата година за моделот Urus SE. Оваа боја е многу подобра во споредба со воената мат зелена боја од првиот концепт.

Како и многу други брендови кои дизајнирале и произведувале концепти за Gran Turismo, Lamborghini навистина избра „див“ пристап за својот хиперавтомобил. Vision GT малку дели со другите „бесни бикови“, со комплексен систем на суспензија инспириран од мотоспортот и каросерија што го прави да изгледа повеќе како вселенски брод. Неговиот дизајн прави дури и Lamborghini Veneno да изгледа воздржано.

За разлика од некои други концепти на Gran Turismo, Lamborghini не експериментирал со моторот, ниту се одлучил за нешто што вообичаено не го вклучува во своите модели од реалниот свет. Во срцето на концептот е истиот 6,5-литарски атмосферски V8 мотор како кај Sián FKP 37, заедно со благ хибриден систем. Овој мотор развива 819 КС.

Во внатрешноста на концептот има централно поставено седиште за возачот и напреден волан со мал централен екран. Lamborghini замислил хиперавтомобил со проширлив хед-ап дисплеј, кој покрива поголем дел од шофершајбната.

Штета што Lamborghini не произведе друмска верзија на концептот Vision GT, како што направи Мекларен со својот Solus GT ориентиран кон патеката.

Слични содржини