Lamborghini Revuelto распродаден до крајот на 2025 година

од Vladimir Zorba
268 прегледи

Lamborghini објави дека новиот модел Revuelto е многу популарен меѓу купувачите на суперавтомобили, бидејќи е распродаден до крајот на 2025 година.

Извршниот директор на Lamborghini, Стефан Винкелман уште во април изјави дека Revuelto има потенцијал на крајот да го надмине Aventador, кој продаде 11.465 примероци во текот на неговото 11-годишно производство. Се покажа особено популарен кај богатите купувачи во САД.

Плагин-хибридниот систем на Revuelto вообичаено се состои од 6,5-литарски V12 бензински мотор, нов осумстепен менувач со двојна спојка, литиум-јонска батерија и три електрични мотори, со комбинирана моќност од 747 kW/1015 КС. Забрзувањето од 0 до 100 km/h трае само 2,5 секунди, 200 km/h се постигнува за помалку од 7 секунди, додека максималната брзина е повеќе од 350 km/h.

Винкелман додаде дека побарувачката за конвенционалните SUS автомобили на марката, моделите Urus и Huracan, останува силна, истакнувајќи дека брендот е распродаден од целата своја линија веќе две години.

Дополнително, продажбата скокна за 5 проценти во првата половина на 2023 година на 5.341 автомобил.

Наскоро ќе биде лансирана plug-in хибридна верзија на Urus, а Lamborghini работи и на plug-in хибриден наследник на Huracan.

Слични содржини