Лана дел Реј драстично променета, пејачката непрепознатлива на НАЈНОВАТА ФОТОГРАФИЈА

од Stefanija Kuzmanovska

Познатата американска пејачка Лана Дел Реј е фотографирана на плажа во Рио де Жанеиро како го поминува времето со своите пријатели.

Иако сите ги знаеме нејзините хитови кои ги слушаме од 2012 година, Лана дел Реј во последно време ретко ја гледаме во јавност, но дури и кога ќе се појави, тешко е препознатлива.

Фотографите ја фатија како се одмара со пријателите на плажата во Рио по настапот на бразилскиот фестивал МИТА.

Многумина коментираа дека пејачката драстично го променила својот изглед, бидејќи некогаш беше позната по својот препознатлив стил, поради што доби статус на модна икона.

Многумина коментираат дека не се работи само за килограмите, туку и дека ѝ е изменет и ликот и дека тоа е резултат на лошите естетски корекции кои Лана до сега ги има направено.

По двегодишна пауза, пејачката објави два нови албума „Chemtrails over the Country Club“ и „Blue Banisters“ во 2021 година.

Слични содржини