Пејачката Лана Дел Реј повторно е во центарот на вниманието на медиумите поради новите фотографии од папараците.
Имено, таа беше фотографирана при излегување од продавница. Пејачката носеше кратко здолниште кое дополнително ги истакна нејзините вишок килограми.
Лана Дел Реј носеше и цветна блуза, домашни папучи, а раката и беше во гипс, што дополнително ги загрижи нејзините обожаватели. Кога фотографиите излегоа во јавноста, фановите беа шокирани, особено што Лана е позната како личност која секогаш се грижела за својот изглед.
Се чини дека за време на карантинот, Лана значително се поправила, па фановите ја критикуваа поради тоа.
Сепак, имаше и такви кои застанаа во одбрана на пејачката, и ѝ порачаа да не обрнува внимание на негативните коментари.