Лана дел Реј откри како кристалната маска ја штити од короната

од Vladimir Zorba
558 прегледи

Откако фановите ја „распнаа“ со навреди на социјалните мрежи поради кристалната маска што ја носеше на нејзиниот Инстаграм во живо, Лана дел Реј понуди објаснување.

„Маската што ја носев имаше пластика во внатрешната страна. Таквите маски сега се шијат многу често. Патем, јас никогаш не одговарам на вакви работи, но еве ви“, напиша пејачката на Твитер.

Нејзината сестра претходно изјави дека Лана била тестирана на коронавирус и дека била негативна во моментот кога ја носела маската.

Таа се појави со маска на промоцијата на нејзината книга.

Слични содржини