Пејачката Лана дел Реј заплака за време на концерт и призна дека се уште се чувствува нервозна по апсењето на опсесивниот фан, кој ја следел, објави Франс Прес.
Притворениот сакал да ја киднапира 32-годишната популарна пејачка. Таа стана светски позната по нејзините меланхолични хитови. На сцена во градот Атланта, Џорџија, таа ѝ се довери на публиката дека излегла „поемотивна, отколку што мислела“.
„Се беше во ред, но почувствував одредена нервоза кога излегував на сцената“, се довери пред публиката Дел Реј, бришејќи ги солзите.
Нејзините обожаватели реагираа со голем аплауз.
„Страшно сум среќна што сум со вас, и бидејќи во моментов сум малку кревка, имам потреба од вашата поддршка“, изјави ѕвездата пред своите приврзаници.
Таа мислеше на инцидентот што се случи минатиот петок кратко пред нејзините концерти во Орландо, Флорида. Вооружен со нож фан бил уапсен неколку метри од салата.
Излегува дека тоа бил 43-годишниот Мајкл Хант, кој претходно и се заканувал на социјалните мрежи.