
Трансформацијата на Косовските безбедносни сили во армија на Косово е на половина пат, а клучот за овој проблем е во партнерството со НАТО, изјави денеска во Приштина британскиот државен министер за вооружени сили Марк Ланкастер на заедничка прес-конференција со косовскиот премиер Рамуш Харадинај.
Ланкастер изјави дека повторно доаѓа во Косово по 18 години, со цел одблизу да се запознае со активностите на Косовските безбедносни сили.