Audi подготви нов SUV модел Q6 за Кина, чиј изглед е познат уште од март годинава кога во јавноста протекоа неговите први фотографии.
За неговото производство е задолжена локалната SAIC-Audi.
Audi Q6 е SUV модел со три реда седишта, каде во внатрешноста се издвојуваат дигиталната табла со инструменти од 12,3 инчи и 10,1 инчниот екран на мултимедијалниот систем.
Податоците велат дека Audi Q6 е долг 5099 mm, широк 2014 mm, висок 1784 mm, меѓуоскино растојание од 2980 mm и тежок 2205 kg.
На кинескиот пазар ќе биде достапен со 2,0-литарски турбо бензински мотор во верзии од 231 КС и 265 КС, како и 2,5-литарски TFSI со 299 КС (кај вториот, забрзувањето до 100 км/ч трае 7,3 секунди). .
Менувачот е 7-степен автоматски со двојна спојка, додека погонот е на сите четири тркала.
Кинескиот Q6 нема да се нуди ниту со дизел мотор, ниту во хибридна верзија, но Audi веќе некое време подготвува целосно електричен Q6 e-tron за Европа, кој според претходните информации ќе се базира на платформата PPE.