Ракетите „Искандер“ биле лансирани од Белорусија кон Украина околу 17 часот (15 часот по средноевропско), информира советникот на украинскиот министер за внатрешни работи, Антон Герашченко.
Ова дојде откако кабинетот на претседателот Зеленски денеска објави дека украинските и руските претставници ќе седнат на преговори на границата на Белорусија со Украина.
Герашченко го објави видеото на Фејсбук.
„Лансирани искандери против Украина од околината на Мозир“, напиша тој. „Дали усмртија некого? Значи, ова е примирјето што ќе го имаме?“, напиша тој.
Во украинското соопштение претходно се вели дека белорускиот лидер Александар Лукашенко „ја презеде одговорноста да се погрижи сите авиони, хеликоптери и ракети стационирани во Белорусија да останат на земја за време на патувањето, разговорите и враќањето на украинската делегација“.