Лансирањето на ракетата, која требаше да го одбележи симболичниот почеток на новиот руски пат кон вселената, беше одложен со деноноќие од технички причини.

Полетувањето на ракетата беше суспендирано минута и пол пред палењето на погонски горива, ракетата и трите сателити немаат штета. Лансирањето се одложи, но ракетата “може да полета во четвртокот во 05:01 часот”, изјави за новинарите претставникот на руската државна вселенска агенција “Роскосмос” Игор Буренков, цитиран од агенциите. Резервниот датум 28 април останува.
“Најважно е дека ги имаме запазено ракетата и сите три сателити .Ова е основното, тоа покажува дека телеметријата работи нормално”.
Порано од “Роскосмос” соопштија дека автоматиката ја прекинала првата употреба на ракетата “Сојуз-2.1а” од космодромот “Восточни” минута и полови пред почетокот. “Комисијата ги испитува причините за прекинот на почетокот. Заклучоците ќе бидат соопштени дополнително “, се вели во соопштението на сајтот на агенцијата.