Лас Вегас во шок: Tesla Cybertruck „разнесен“ со помош на ChatGPT

од Vladimir Zorba
50 прегледи

Војникот кој го разнесе Tesla Cybertruck пред хотелот на Трамп користел ChatGPT за да го испланира нападот, велат полициски извори.

Метју Ливелсбергер, 37-годишен поранешен член на Зелените беретки, користел генеративна вештачка интелигенција, вклучително и ChatGPT, за да планира експлозија и да разнесе Cybertruck пред хотелот на Трамп во Лас Вегас, потврди полицијата во вторникот.

Експлозијата, која се случи минатата недела, резултираше со полесни повреди на седум лица, но речиси и да нема штета на хотелот Trump International. Ливелсбергер се самоубил непосредно пред експлозијата, а полицијата заклучила дека тој дејствувал сам.

Според информациите од истрагата, претресите на неговиот лаптоп и мобилен телефон покажале дека тој користел ChatGPT за да бара информации за експлозиви, брзината на одредена муниција и законитоста на огнометот во Аризона.

Ливелсбергер, кој живеел во Колорадо Спрингс, Колорадо, оставил белешки во кои напишал дека експлозијата требало да биде „повик за будење“ за нацијата која се соочува со многу проблеми. Во една од белешките тој рекол: ‚Морам да го исчистам умот од браќата што ги изгубив и да се ослободам од товарот на животите што ги одзедов“.

Полицијата, исто така, откри дека тој пишувал за политички и социјални прашања, вклучително и за војната во Украина. Во едно од своите писма тој ги опиша Соединетите Држави како „крајно болни и на пат кон колапс“.

И покрај експлозијата пред хотелот именуван по новоизбраниот претседател Доналд Трамп, полицијата соопшти дека Ливелсбергер немал лоши чувства кон него. Во една од белешките, тој напиша дека земјата мора да „застане зад него и Илон Маск“.

Според локалната полиција, нападот со камион во Њу Орлеанс, кој се случи истиот ден и во кој загинаа 14 лица, не е поврзан со инцидентот во Лас Вегас. Во тој напад, Шамсуд-Дин Џабар користел очила со камера, соработка помеѓу „Мета“ и „Реј-Бан“, за да ја испита областа на Францускиот кварт пред да го започне својот напад.

Истрагата за мотивите на Ливелсбергер и употребата на технологија како ChatGPT продолжува бидејќи полицијата сè уште го анализира неговиот лаптоп, како и неговиот мобилен телефон и паметен часовник.

Слични содржини